СЕКОЈ ГОЛ Е АЛТАН ВРЕДЕН Ракометарите ќе добијат 50.000 евра ако се пласираат во втората фаза на ЕП
Репрезентацијата утре со чартер-лет ќе отпатува за Дебрецен, а на 13 јануари во првото коло се среќава со Словенија.
Македонската ракометна репрезентација ќе биде наградена со 50.000 евра доколку успее да се пласира во втората рунда на Европското првенство, соопшти Ракометната федерација на Македонија, која уште еднаш покажа дека знае да ги вреднува резултатите на националниот тим.
Репрезентацијата утре со чартер-лет ќе отпатува за Дебрецен, а на 13 јануари во првото коло се среќава со Словенија.
Во групата се уште и селекциите на Црна Гора и на Данска. Пласман во втората фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.