СЕКОЈ Е САМ ВО СОБА И НЕМА РАШЕТУВАЊЕ! Кире Лазаров строго ги држи ракометарите

Имаме мир, сами сме во хотелот, нема лица кои се рашетуваат, секој ракометар е сам во соба за да се заштитиме од ситуацијата во која се наоѓа целиот свет. Сè е во најдобар ред, изјавил Кире Лазаров од Дебрецин.

724

Секој наш ракометар е сместен сам во хотелска соба, не се рашетуваме и на сите начини се трудиме да се заштитиме од евентуална зараза со коронавирусот, изјави нашиот капитен и селектор на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров.

Тој објаснува дека сместени се во хотел во Дебрецин и ги имаат сите услови на располагање.






– Заедно сме сместени со репрезентациите на Данска и на Словенија, а требаше и ракометарите на Црна Гора да престојуваат во истиот хотел, но немало доволно соби за нив. Во таборот на Македонија многу се внимава и секој ракометар е сместен сам во соба. За разлика од репрезентациите кои се сместени во Сегедин, каде што ракометарите се сместени во ист хотел заедно со обичните туристи и каде што не се внимава на ковид-протоколите, ние не можеме да се пожалиме. Имаме мир, сами сме во хотелот, нема лица кои се рашетуваат, секој ракометар е сам во соба за да се заштитиме од ситуацијата во која се наоѓа целиот свет. Сè е во најдобар ред – изјави Лазаров.

Македонија и Словенија играат утре со почеток во 18 часот.

Поврзани содржини