СЕКОЈ ДЕН ПО ЕДЕН СЛУЧАЈ НА ЗАПЛЕНА Мобилните царински тимови лани учествуале и во 3 меѓународни акции
Постигнат е и значителен напредок за заштита на правата од интелектуална сопственост, при што во 39 случаи запленети се повеќе од 112.000 парчиња производи со потпис на познати трговски марки.
Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи запленети се 195,5 килограми дрога, во 14 случаи запленети се 230.000 евра, а запленети се и над 39.000 парчиња лекови, соопшти Царинската управа.
Постигнат е и значителен напредок за заштита на правата од интелектуална сопственост, при што во 39 случаи запленети се повеќе од 112.000 парчиња производи со потпис на познати трговски марки.
Извршени се повеќе од 8.000 прегледи на возила при што спречени се 28 кривични дела, како и прекршочни дела во кои утврдените избегнати давачки изнесуваат 8 милиони денари (околу 130.000 евра).
Постапувано е и по 30 барања за асистенција, при што во последен случај со помош на царинско куче од К9 единицата пронајдени се 10 килограми кокаин.
Мобилните царински тимови учествуваа и во 3 поголеми меѓународни акции – Shield VI, Stop IV, и ARMSTRONG XI. Станува збор за меѓународни акции чија цел е спречување на нелегална трговија со фалсификувани лекови и анаболици и заштита на правата на интелектуална сопственост преку спречување нелегална трговија со фалсификувани стоки, како и спречување на обиди за тероризам.