СЕКОЈ ЧЕТВРТИ РАБОТОДАВАЧ ВО ГЕРМАНИЈА НЕ ГИ ПРИЈАВУВА РАБОТНИЦИТЕ Илјадници газди не исплаќаат ниту минимална плата

Единицата за финансиска контрола за непријавена работа извршила инспекција на работодавачите 25.765 пати низ цела Германија и отворила постапки во 6.121 случаи за сомневање за прекршување на законот за минимална плата.

31

Речиси секој четврти работодавач во Германија не ги пријавил своите работници. Ова го објави единицата за финансиска контрола на непријавена работа по инспекцијата на околу 25.000 работодавачи, објави „Шпигел“.

Дополнително илјадници работодавачи одбиле да исплатат минимална плата во текот на 2025 година.






Инспекцијата откри дека прекршувањата на законот за минимална плата биле особено чести во угостителската индустрија.

Единицата за финансиска контрола за непријавена работа извршила инспекција на работодавачите 25.765 пати низ цела Германија и отворила постапки во 6.121 случаи за сомневање за прекршување на законот за минимална плата.

Се нагласува дека се покренати повеќе од 500 постапки против превозни компании, градежни компании и фризерски и козметички салони како и  против работодавали во областа на такси превозот, продавниците за алкохол и безбедносните услуги.

Месечната бруто минимална плата во Германија за вработен со полно работно време минатата година изнесувала 2.161 евра.

Поврзани содржини