СЕКОЈ ЧЕКОР ИМА АКЦИЈА И РЕАКЦИЈА Мицкоски го предупреди Касами, откако тој најави поддршка за ДУИ во Кичево
Некои политичари мора да разберат дека за да бидеме коалициони партнери треба да сме подготвени да се обединиме и да поддржиме вредности, а не да се поделиме на етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизмот и слични етнички процедурални разлики, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Сите што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто од политиката, нека го видат и нека научат од примерот и од падот на ДУИ и ќе разберат на што мислам, порача премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
И тоа е добра лекција за некои други политичари од македонката политичка сцена, кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партнери треба да сме подготвени да се обединиме и да поддржиме вредности, а не да се поделиме на етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизмот и слични етнички процедурални разлики, рече Мицкоски.
Тој, иако не го спомна по име и презиме, му одговори на лидерот на Беса, Билал Касами, коалициски партнер во Владата, кој вчера најави дека наместо кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, во вториот круг на локалните избори во Кичево ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, за да победи Албанец.
– Ако е тоа така, тогаш апсолутно не ја гледам разликата меѓу нив и Али од Зајас, кого сакаат да го заменат. Не треба да се третираат како контингенти гласови кои може човек да ги насочи. И тоа е погрешно. Луѓето треба да се третираат како луѓе со човечки судбини кои сакаат подобар живот и кои треба да гласаат по сопствено убедување. Сакам да кажам дека ниту еден од нас не ги има гласовите во својот џеб и дека поддршката треба да се гради со обединување околу вредности, а не низ призмата на етничка припадност и разлики. Се поинаку од ова сметам дека е погрешно. Во тој контекст, треба да се прифати дека поедини градоначалници станаа градоначалници поради волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволи да ја изневерат. Секој чекор, повторувам, секој чекор, има акција и реакција, а јас секогаш ќе се однесувам така како што е најдобро за граѓаните и државата – рече Мицкоски во своето обраќање на свечената академија „Од идеја до држава“.
Касами од Беса вчера повика на национално, а не коалициско мобилизирање за вториот круг од локалните избори. Касами, кој победи во првиот круг на градоначалничката трка во Тетово благодарение на гласовите на коалицискиот партнер во владата, ВМРО-ДПМНЕ, во ТВ дебата изјави дека Вреди во вториот круг во Кичево ќе го поддржи кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, а не кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.
Касами рече дека нивниот кандидат за градоначалник на Кичево, министерот за труд Фатмир Лиманим испаднал во првото гласање и природно е албанските гласови да одат кон кандидатот на ДУИ, Дехари. Покрај ова Касами нагласи дека очекува албанските гласови да се здружат во вториот круг на изборите во Брваница (општина крај Тетово), каде досегашниот градоначалник, Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ, е во предност пред кандидатот на Вреди, Хажим Рамадани. Касами рече и дека очекува поддршка од сите Албанци и од структурите и поддржувачите на ДУИ во општина Долнени, близу Прилеп, каде во вториот круг ќе се борат нивниот претставник и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.