СЕКОЈ БИ ПОСАКАЛ ВАКОВ ГАЗДА Вработените и нивните семејства ги одведе на одмор во Аланија (ФОТО)
Многумина велат дека работодавачот не треба да има ваква врска со своите вработени, но ние секогаш сме ги правеле работите на наш начин, вели Сенад Сантиќ, сопственик на ИТ компанија во Мостар.
Мостарецот Сенад Сантиќ ги одвел сите вработени во неговата компанија на одмор во Аланија, Турција.
Сантиќ се вратил од Шведска во Босна пред неколку години и ја основал својата компанија во која им повеќе од 30 вработени.
– Сакавме да изразиме благодарност до нашиот тим со тоа што ќе ги одведеме нив и нивните семејства на патување во Аланија. Пред неколку дена, некој ме праша зошто. Прашањето е на место. Ве тера да размислите за стиловите на лидерство, односите работодавач-вработен, менаџментот, капитализмот против социјализмот и многу други работи – напиша Сантиќ на Фејсбук, кој ја започнал својата ИТ компанија со неговиот колега Никола Мирковиќ.
Тој додава дека патувањето било одлично и дека е убеден дека зближувањето постигнато на ова патување ќе има позитивен ефект врз бизнисот.
– Многумина велат дека работодавачот не треба да има ваква врска со своите вработени, но ние секогаш сме ги правеле работите на наш начин – заклучува Сантиќ.