СЕКОЈА НАМИРНИЦА ИМА ЕДНАКВО ВРЕДНА ЗАМЕНА Знаете ли со што може да ги замените јајцата, млекото, рибата, …?
Секоја намирница може да се замени со нутритивно еднакво вредна храна што нема да предизвикува реакција во организмот.
Алергијата на храна најчесто подразбира од менито да се исфрлат намирниците што предизвикуваат алергија. На лицата кои имаат нутритивна алергија генерално им се препорачува да јадат помалку белки, чоколадо, кикирики, јагоди и шумско овошје, коцки за супа и конзервирани производи, мед, морска храна, пиво, домати, сирење…
Интолеранцијата се смета за поблаг облик и не бара трајно исфрлање на одредена намирница од исхраната, како на пример, алергијата на глутен. Луѓето со дијагностицирана целијакија доживотно треба да бидат на строга безглутенска исхрана, додека оние кои имаат пречувствителност на глутен, во одреден момент повторно ќе можат да јадат пченични производи. Нивото на антитела во крвниот тест за интолеранција на храна обично одредува и на колку време е потребно да се исфрли од исхраната одделна намирница.
Кога сомнителната храна ќе се исфрли од исхраната, сите непријатни симптоми обично исчезнуваат. Потоа можете да се обидете постепено, во помали количини, да враќате одделна намирница во менито. Околу 25 проценти интолеранции се поврзани со интолеранција на глутен, 15-17 проценти се резултат на интолеранција на млечни протеини, а другите интолеранции се застапени во приближно еднаков процент.
Секоја намирница може да се замени со нутритивно еднакво вредна храна што нема да предизвикува реакција во организмот.
Со што можат да се заменат оние нутритивно вредни намирници на кои сте алергични, прочитајте на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pexels