СЕКОЈА НА СВОЈ НАЧИН Кејт и Меган со својот накит ѝ оддадоа посебна почит на кралицата (ФОТО)
И Кејт Мидлтон и Меган Маркл денеска, меѓу другото, со својот накит ѝ оддадоа посебна почест на покојната кралица Елизабета Втора.
Принцезата од Велс Кејт на погребот ѝоддаде посебна почит на кралицата Елизабета со накит.
Кејт околу вратот носела бисерен ѓердан украсен со дијаманти. Ѓерданот со четири низа од бисери и дијамантско копче на кралицата и пристигнало како подарок од Јапонија во 1970-тите. Самата Елизабета често го носела при државните посети. Во 1983 година, на пример, таа го носела за време на посетата на Бангладеш.
View this post on Instagram
Ѓерданот потоа често го носела принцезата Дијана, а бидејќи Кејт се омажи за принцот Вилијам, ѓерданот ѝ припадна нејзе. Кејт претходно го носеше ѓерданот на прославата на 70-тиот јубилеј на кралицата и јубилејот на принцот Филип во 2017 година, а подоцна и на погребот на принцот во 2021 година.
Заедно со ѓерданот, Кејт ѝоддаде почит на кралицата со бисерните обетки што Елизабета ги доби на нејзината свадба со принцот Филип во 1947 година.
Принцезата од Велс на погребот пристигна во црн мантил-фустан, а на главата носеше црна капа со мрежест превез на лицето. Инаку, во минатото традицијата налагаше жените да носат капи со превез на погребите на членовите на кралското семејство.
View this post on Instagram
Меган Маркл денеска пристигна на погребот на кралицата во Вестминстерската опатија со сопругот принцот Хари.
Војвотката од Сасекс се одлучи за традиционална целосно црна облека и црни потпетици, а носеше и голема црна капа со широк обод.
Сепак, таа ѝ оддаде почит на покојната кралица Елизабета со еден посебен детаљ. Имено, единствениот накит што Меган го носеше беа бисерните обетки кои Елизабета Втора ѝ ги подари за време на нејзиниот живот.
View this post on Instagram
Претходно оваа недела, таа носеше ист пар обетки на погребната поворка во Вестминстерската сала.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм