СЕКОЈА БАБА ИМАЛА ТАКОВ КАУЧ Меган Фокс изненади со својот чуден стајлинг (ФОТО)

Меган носела кариран горен дел, популарано наречен „топ“, со исечоци на градите преку целосно проѕирниот црн горен дел.

1,815

Актерката Меган Фокс важи за една од најубавите жени на планетата. Позната е и по својот интересен моден стил, кој речиси секогаш е полн погодок. Но, овој пат, актерката изгледа „утнала“ при изборот на стајлингот.

Фокс прошетала во модни парчиња кои наликуваат како да се изработени од прекривки за кауч, а очигледно и самата актерка ја увидела сличноста, па истата ја споделила на Инстаграм.






Меган носела кариран горен дел, популарано наречен „топ“, со исечоци на градите преку целосно проѕирниот црн горен дел, што е во склад со трендот претставен на модните писти на Модната недела во Париз.

Кафеавите панталони со златен принт и соодветната блуза со отворени раменици го комплетирале нејзиниот изглед.

Иако модерниот стајлинг ги истакнувал нејзините стомачни мускули и згодното тело, модните критичари велат дека истиот е тотално фијаско.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Актерката на Инстаграм објави фотографија од својата комбинација на облека со необична споредба.

„Секоја баба имаше таков кауч“, напишала духовитата Меган Фокс и им порачала на фановите да ја погледнат следната фотографија. Убавата актерка се пошегувала на своја сметка.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини