СЕГА СУМ ДАМА ЛОНГОРИЈА Актерката ја прими титулата во креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски
Станува збор за заносна тоалета во нежна крем боја, која ја следи линијата на телото и има суптилно деколте и интересни исечоци од страните.
Шпанското кралско семејство ѝ ја додели титулата „Дама“ на актерката Ева Лонгорија поради нејзиното потекло од регионот Астурија.
Латиноамериканската актерка Ева Лонгорија Бастон на доделувањето на титулата се појави во креација која никого не остава рамнодушен.
View this post on Instagram
– Сега сум Дама Лонгорија! Денеска ја добив оваа неверојатна чест во Астуриас, Шпанија за мојот шпански придонес во културата во овој регион. Татко ми не можеше да биде тука, но ќе беше многу горд! Секоја чест за сите почестени од овој регион вечерва – напиша преубавата дама која блесна во креација на македонскиот дизајнер кој живее во Австралија, Тони Матичевски.
Дизајнерот ѝ честиташе на Лонгорија за наградата и објави фотографии од неа во фустанот.
Иста таква креација, само со различна боја е дел од официјалната страница на светски познатиот дизајнер и се продава по цена од 2 200 американски долари.