Сега стигна за наплата сметката за последните 30 години
Нѐ разболеа, сега тие болести ќе го земат цехот во животи. Шансите за преживување се многу помали со хронични болести. Шансите дека имате хронична болест од самиот живот овде се огромни.
Сега во животи ќе се плаќа она што оставивме да ни го прават партиите од осамостојувањето наваму. Процентуално гледано, во Македонија од короната има многу мртви, во сооднос со излечени. И еден е премногу, но сепак…
Ова се резултати на 30 години занемарување на здравството, 30 години пљачка со приватизација, градење споменици и други глупости, 30 години невложување во болници, во кадар кој си замина и само најупорните останаа овде, 30 години систематско уништување.
Во овој случај, не е само здравството. Нѐ уништија на секое поле. Над 99 отсто од мртвите во Италија од корона имале барем една друга хронична болест. Без историја на болести биле само 0,8 отсто (истражувањето е на италијанското министерство за здравство и е објавено во Блумберг).
За профит носеа ѓубре од цела Европа, живееме во најзагадени градови. За профит платите беа најниски во Европа, стресот за преживување огромен. Пуштаа извршители, пуштаа банки, камати, нѐ навлекоа на апчиња за смирување. Нѐ разболеа од немаштија, од стрес, од секирации, од нечист воздух, загадена вода, нездрава храна, недоволно сон, паралелен увоз на лекови.
Нѐ разболеа, сега тие болести ќе го земат цехот во животи. Шансите за преживување се многу помали со хронични болести. Шансите дека имате хронична болест од самиот живот овде се огромни.
За да се подобри здравствениот систем сега е касно, затоа седете дома, мијте раце и држете се до правилата за превенција.
(ФБ сљтатус на авторот)