„СЕГА СИ НА ПОУБАВО МЕСТО, АЦО“ Естрадата се простува од пејачот кој почина по тешко боледување
Пејачот Ацо Бабиќ, кој своевремено пееше во бендот „Маратонци 021“, почина по долго и тешко боледување на 52-годишна возраст.
Пејачот Ацо Бабиќ, кој своевремено пееше во бендот „Маратонци 021“, почина по долго и тешко боледување на 52-годишна возраст.
Погребот се одржал денеска на градските гробишта во Нови Сад.
На социјалната мрежа Фејсбук бројни пријатели и колеги се збогуваат со Ацо со трогателни зборови:
„Твоите песни остануваат…“, „Не е доволно да се каже дека сум шокиран, на квадрат… „Ацо Бабиќ патувај со Господ“, „Последен поздрав до мојот колега Ацо Бабиќ“, „Сега си на поубаво место, АцоеС“, „Патувај со ангелите, мое искрено сочувство до семејството“….
Ацо Бабиќ е роден на 13 април 1973 година во Бјелина, како трето дете на неговите родители. Пораснал и образование завршил во Босна и Херцеговина.