„СЕГА ПОВТОРНО МОЖАМ ДА БИДАМ СРЕЌЕН“ Сопругот на Тина Тарнер призна дека е вљубен

Нивниот брак заврши пред повеќе ид две години, кога почина легендарната кралица на рокот.

172

Ервин Бах, угледен германски продуцент и менаџер кој се венча со Тина Тарнер во 2013 година, на американската рок икона ѝ ја врати верата во љубовта. Таа беше на работ на смртта, а тој ѝ даде бубрег и ѝ го спаси животот. Нивниот брак заврши пред повеќе ид две години, кога почина легендарната кралица на рокот.

Тина почина на 24 мај 2023 година, а Ервин Бах (69), скршен и неутешен по нејзиното заминување, целосно се повлече во илегала.






Како што објавува „Бунте“, Бах на првиот ден од август се појавил со својата нова избраничка, Кристина, на гламурозна забава што ја организирал по повод националниот празник на својот имот во Штафа, во округот Цирих.

Станува збор за Американка во шеесеттите години која е голема љубителка на уметноста и операта, но не е јавна личност. Тие се запознале минатото лето преку заеднички пријатели. И Кристина се соочила со загуба, кога пред две години починал нејзиниот сопруг.

Ервин Бах остана да живее на велелепниот имот на Циришкото Езеро, во комплекс кој, покрај вилата „Алгонкин“, се наоѓаат уште,неколку други историски згради, голем базен и приватен трговски центар. Тина Тарнер се пресели во Швајцарија на почетокот на деведесеттите години заедно со Бах, кој беше 16 години помлад, со кого беше во врска од 1985 година, но својата љубов ја официјализираа дури во 2013 година.

– Благодарен сум за сè, благодарен сум за мојата нова љубов. Сега можам повторно да бидам среќен – кратко коментирал за медиумите вдовецот на Тина Тарнер, пишува швајцарски „Блу вин“.

Поврзани содржини