ХОТЕЛИ, СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ, НОВИ БОЛНИЦИ… Северна Кореја се спрема за туристи

Имено, оваа земја беше затворена за посетители поради строгите контроли и закони кои беа донесени за време на пандемијата на коронавирусот, но сега ситуацијата се менува.

1,360

Северна Кореја конечно ги отвора границите за меѓународни посетители по повеќе од четири години, објави Си-Би-Ес њуз.

Имено, оваа земја беше затворена за посетители поради строгите контроли и закони кои беа донесени за време на пандемијата на коронавирусот, но сега ситуацијата се менува.






Корјо турс (Koryo Tours), од Пекинг, објави дека затворената земја ќе пречека странски туристи во североисточниот град Самџијон, а можеби и во остатокот од земјата, во декември 2024 година.

Кеј-Ти-Џи турс (KTG Tours), со седиште во Шенјанг, исто така објави дека ќе може да се оди во градот Самџијон од декември оваа година.

Северна Кореја е затворена за меѓународни туристи од 2020 година. Корјо турс работи во Кореја повеќе од 30 години и рекоа дека никогаш не наишле на затворање на границите толку долго. Меѓународните летови до и од Северна Кореја продолжија дури лани кога во февруари пристигна мала група руски туристи.

Руските туристи пристигнаа во време на затоплување на односите меѓу Москва и Пјонгјанг, а севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун исто така отпатува за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин минатиот септември, а Путин ја врати посетата во јуни. Руската туристичка група ја сочинуваа луѓе кои се занимаваат со туризам и патници од сите делови на Русија, соопшти тогаш руската амбасада во Пјонгјанг.

Северна Кореја гради нови станови, хотели, скијачки центри, медицински установи, комерцијални и културни објекти во Самџијон, град во близина на кинеската граница, претставувајќи го градот како модел на високоцивилизиран планински град.

Ким минатиот месец отпушти некои високи функционери бидејќи не беше задоволен од „неодговорното“ раководење со проектот.

Поврзани содржини