СЕГА Е ВЕЌЕ ПОДОБРО, МОЖАТ ДА МЕ ВИДАТ Ковачевски се пошегува, Вучиќ искрено се насмеа (ВИДЕО)

А, можам и јас некого да видам таму, додаде Ковачевски покажувајќи кон публиката и го продолжи говорот.

2,693

Урнебесно видео од смешна ситуација на почетокот на говорот на премиерот Ковачевски на винскиот саем во Белград стана хит на социјалните мрежи. Ковачевски му вели на лицето задолжено за местење на микрофонот кое веќе некое време се вртка и мотка околу него додека тој говори, „Сега е подобро, веќе можат да ме видат“. Во тој момент, Вучиќ и публиката прснуваат во смеење.

– А, можам и јас некого да видам таму – додаде Ковачевски покажувајќи кон публиката и го продолжи говорот.

 






Премиерот Димитар Ковачевски вечерва, во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, се сретна и со светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ. На средбата присуствуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ, како и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

„Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното. Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава. Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот“, напиша премиерот Ковачевски на својот фејсбук профил.

Поврзани содржини