СЕГА Е НЕГОВО ВРЕМЕ Ги чисти црниот дроб и желудникот, го намалува холестеролот, помага кај дијабетес и рак

Во ова време од годината, природата нуди едно од своите највредни растенија, кое многумина на прв поглед го сметаат за обичен плевел, но всушност е исклучително ценет и лековит пролетен деликатес.

61

Глуварчето е дел од народната медицина со векови, а неговата сезона е во полн ек токму сега.

Ова растение цвета во април и мај, но се бере пред цветањето, додека листовите се млади, меки и највкусни. Тогаш содржи најмногу хранливи материи и најсилни лековити својства.






Глуварчето е исклучително богато со минерали како што се калиум, натриум, калциум, фосфор и железо, а е особено значајно по високата содржина на витамин Ц и провитамин А. Содржи и витамини Б1, Б2 и К, поради што традиционално се користи за зајакнување на телото, стимулирање на варењето и чистење од токсини. Во народната медицина, познато е како растение кое го стимулира лачењето на жолч, го чисти црниот дроб, го намалува холестеролот, ги ублажува алергиите и помага при проблеми со кожата како што се осип, лишаи и чешање. Исто така, се верувало дека ја подобрува работата на желудникот и помага во отстранувањето на несаканите супстанции од дигестивниот систем.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини