Министерството за внатрешни работи објави детали во врска со сообраќајната незгода која вчера се случи во Бутел, а во која животот го загуби 38-годишен пешак од Скопје.
– На 15.10.2020 околу 15.30 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, пред крстосница со ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од Скопје, удрило во пешак С.С.(38) од Скопје. Пешакот починал на местото на незгодата, а возачот го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден – се вели во соопштението од МВР.
Оттаму додават дека увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.