17-ГОДИШЕН МОТОРЏИЈА ПОЧИНА НА ПАТ КОН СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ Тешка сообраќајка во Кичево

366

На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на пресекот на улиците Борис Кидриќ и Мирко Милески, се случила  сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „ауди” со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци и моторцикл „хамачи”, управуван од 17-годишно момче од Кичево.

„Моторциклистот, со тешки телесни повреди бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза” во Скопје  но при транспортот им подлегнал на повредите, а доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, врз телото на моторциклистот, ќе биде извршена обдукција“, се наведува во соопштението од СВР Охрид.

Поврзани содржини