Седуммина прилепчани се шетале низ градот во полициски час, ќе платат по 2000 евра

299

Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп  поднесе четири предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираа од ОЈО Припел.

– Обвинетите биле затекнати при непочитување на мерките на Владата за спречување на ширење на заразната болест COVID – 19, односно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. За време на полицискиот час тие се движеле на различни локации во градот, соопштија од обвинителство.






Заради стореното кривично дело, за секого од нив обвинителството му предложи на Судот за определи парични казни од 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 29 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Oбвинетите од 14 до 20 април, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежното обвинителство на Основниот суд Струмица му предложи да изрече парична казна за секој од обвинетите во износ од 50 дневни глоби од по 10 евра, соопшти ЈОРМ.

Поврзани содржини