Седуммина починати од ковид-19 и нови 89 заболени, кои нови мерки ќе има за ставање на вирусот под контрола?
Седуммина пациенти заболени од ковид-19 починале во изминатото деноноќие во земјата, потврдија за Плусинфо од Министерството за здравство. Ова е најголемиот број починати од почетокот на епидемијата со корона вирусот во нашата земја, на 26. февруари, кога е регистриран првиот инфициран – патничката која се врати од Италија, а во Македонија влезе на граничниот премин Табановце.
И бројката на новозаболени, вкупно 89 лица, е меѓу највисоките досега.
Во врска со алармантниот број на новите случаи на ковид-19 и за тоа кои нови мерки ќе бидат предложени од Комисијата за заразни болести до Кризниот штаб на Владата, на јавноста за околу два часа, во 15.00, ќе и се обрати министерот за здравство, Венко Филипче.
починати од