Седуммина починаа, 234 нови заболени од ковид-19

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.

879

Седум лица починаа, а 234 се новозаразени со ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се заболени во Скопје – 99, Прилеп – 26, Кавадарци – 19, Куманово – 17, Струмица – 15, Неготино – 9, Тетово и Кочани – по 7, Гостивар – 6, Штип и Велес – по 5, Охрид и Гевгелија – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип – по 1.






Регистрирани се 274 оздравени пациенти.

Починати се по двајца пациенти од Скопје од кои еден е 68-годишен странец хоспитализиран во Скопје и еден 86-годишник, двајца пациенти со по 71 година од Крушево и по еден пациент од Тетово (62), Прилеп (85) и Пробиштип (71). Сите се починати во болнички услови.

Направени се 1.208 тестови преку: ИЈЗ-309, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-0, Биотек-161, Клиника „Жан Митрев“ -152, Систина-257, Лаор–0, МАНУ-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, ИБЗД Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 269, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 45.070, активни 3.719

Куманово 5.605, активни 290

Тетово 5.471, активни 292

Прилеп 5.431, активни 658

Гостивар 3.795, активни 154

Штип 3.665, активни 121

Велес 3.459, активни 257

Битола 3.441, активни 181

Кавадарци 3.405, активни 604

Охрид 3.257, активни 440

Струмица 2.728, активни 185

Струга 2.417, активни 190

Кочани 1.829, активни 74

Кичево 1.778, активни 70

Неготино 1.253, активни 217

Гевгелија 1.224, активни 186

Свети Николе 1.109, активни 23

Крива Паланка 837, активни 83

Ресен 813, активни 61

Дебар 795, активни 44

Радовиш 744, активни 25

Делчево 745, активни 185

Берово 643, активни 25

Пробиштип 545, активни 24

Виница 523, активни 25

Валандово 368, активни 27

Крушево 284, активни 71

Кратово 277, активни 29

Богданци 275, активни 46

Демир Хисар 266, активни 15

Македонски Брод 252, активни 7

Демир Капија 242, активни 32

Македонска Каменица 193, активни 3

Пехчево 186, активни 4

Дојран 95, активни 2

Поврзани содржини