Седумгодишна ќерка на пожарникар е меѓу загинатите во урнатата зградата на Флорида, нова закана е ураганот Елса
Едновремено спасувачките тимови го следат движењето на ураганот Елса кој би можел да ја отежни акцијата на спасување, а експертите предупредуваат дека ураганот би можел да стаса во недела.
Седумгодишна ќерка на пожарникар од Мајами е една од двете нови жртви пронајдени во урнатините на зградата која во минатата недела се урна во Флорида.
Бројот на починати се искажи на 20, а 128 лица сè уште се водат како исчезнати.
– Оваа трагедија влијаеше на многумина од нас, бидејќи познаваме некој кој живеел во оваа зграда или е погоден од оваа трагедија – рече градоначалникот на Мајами Францис Суарез на прес-конференција.
Таткото на загинатото девојче во тој момент не бил на терен.
Градоначалничката на Мајами Даниела Кава ја нарече случката исклучително тешка за тие кои го нашле девојчето.
– Ве молам мислете на нашите итни служби и молете се за нив. Тие навистина го претставуваат најдоброто во сите нас и треба да бидеме со нив како што тие се со нас – вели градоначалничката.
Едновремено спасувачките тимови го следат движењето на ураганот Елса кој би можел да ја отежни акцијата на спасување, а експертите предупредуваат дека ураганот би можел да стаса во недела.