СЕДУМ СЛОЖНИ СЕСТРИ ПРАВАТ ‘РШУМ СО ТРАДИЦИОНАЛНИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ Ѕвезда во Seven sisters bakery е албанската флија
Доста беше веќе, браќа та браќа, седум браќа, сложни браќа, брат ова, брат она… Ние ги запознавме и им се радуваме на седумте сложни сестри од скопската Seven sisters bakery кои ширум главниот град ги разнесуваат вкусните пити печени под сач. Велат, најмногу од муштериите засега се Албанци, ама има и Македонци кои веќе се „навлекле“ на нивните традиционални специјалитети.
Неодамна се запознавме со еден релативно нов бизнис во главниот град, кој засега функционира само со достава, а вниманието ни го привлече неговото име, Seven sisters bakery.
Секако, станува збор за бизнис со храна, поточно, за традиционални специјалитети кои ги подготвуваат во својата работилница во Шуто Оризари седумте вредни сестри, а ги дистрибуира најмладата од нив, Хајрие, која вели дека, кога станува збор за менаџирање на бизнисот, сите ја слушаат неа, па дури и најстарата, Адвие која е од неа постара цели 20 години.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.