Седум штитеници и тројца вработени од Домот за стари лица во Радовиш позитивни на ковид-19

во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.

274

Седум штитеници од Домот за стари лица во Радовиш и тројца вработени се позитивни на ковид-19, информира директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, Марија Димитрова.

-Штитениците се хоспитализирани, а ние доставивме предлог до Комисијата за заразни болести Домот во Радовиш да биде ставен под карантин. Според нашите анализи заразата најверојатно е донесена од надвор,- рече директорката Димитрова.






Инаку, во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.

Поврзани содржини