Седум починати, десет новозаболени од ковид-19

795

Во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19.

Во Скопје има 5 нови случаи, во Прилеп и Виница по двајца и еден новозаболен во Куманово, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.






Пријавени се вкупно 7 починати лица: по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г). Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Регистрирани се 332 оздравени пациент.

Направени се 2.825 тестови преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–36, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-102, Авицена-251, Биотек-328, Систина-117, лабораторија Лаор-420, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–56, Генеа–32, Никоб лаб-155, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 643.

Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68568, Активни 299
Куманово 8844, Активни 64
Прилеп 8311, Активни 38
Тетово 7219, Активни 26
Битола 6298, Активни 28
Велес 5469, Активни 6
Гостивар 5179, Активни 20
Кавадарци 5153, Активни 4
Охрид 5008, Активни 38
Штип 4959, Активни 8
Струмица 4111, Активни 16
Струга 2981, Активни 13
Кочани 2789, Активни 10
Кичево 2568, Активни 28
Гевгелија 2194, Активни 5
Неготино 2184, Активни 4
Свети Николе 1523, Активни 4
Ресен 1234, Активни 3
Крива Паланка 1219, Активни 2
Радовиш 1160, Активни 15
Берово 1029, Активни 2
Делчево 972, Активни 4
Дебар 940, Активни 1
Виница 886, Активни 12
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 5
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 376, Активни 9
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 3
Дојран 132, Активни 0

Поврзани содржини