СЕДУМ ПАЦИЕНТИ СПАСЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВЕЌЕ СЕ ДОМА Нуредини уверува дека тие се опоравени
За 24 часа починала една пациентка со ковид-19, родена 1963 година хоспитализирана во интернистичиот блок на ковид центарот.
Седум од дванаесетте пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница во Тетово како оздравени од ковид-19 и опоравени се пуштени од болничко лекување и се наоѓааат во своите домови, информираат од ковид центарот при Клиничката болница. За 24 часа починала една пациентка со ковид-19, родена 1963 година хоспитализирана во интернистичиот блок на ковид центарот.
– Седум пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница се пуштени дома, додека другите сè уште се хоспитализирани. Ковид центарот кај нас има доволно персонал за здравствена заштита – изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во ковид центарот.
Новопримени на болничко лекување се тројца пациенти. Во моментов има 40 хоспитализирани пациенти, а за 24 часа имало 81 преглед во амбулантата.