Седум нови заболени со ковид-19 и еден починат

1,272

Седум нови заболени со ковид-19 и еден починат во изминатото деноноќие забележа Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.






Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 1, Прилеп 1, Тетово 4 и Кратово 1.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 47 оздравени пациенти.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441.

Направените 113  теста се преку: ИЈЗ 108, Ветеринарен ф-тет 0 , Авицена 0, Биотек 0, Клиника Жан Митрев –0, Аџибадем Систина со PCR метода 0 и МАНУ 5. Досега во земјата се направени вкупно 17.359 тестирања на ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на ковид-19.

Поврзани содржини