Седум непријатни мириси на телото поради кои морате на доктор (ВИДЕО)

Ако непријатниот мирис под пазувите ви се задржал и по туширањето, можеби ви недостига  магнезиум. А ако сте забележале дека здивот има мирис на амонијак или на урина, причина за ова е неможноста бубрезите да го филтрираат сиот отпад од организмот. Итно на лекар!

3,579

Мирисите на телото кои се невообичаени и непријатни  можат да откријат разни здравствени  тегоби, вклучувајќи ги и најтешките, како карциномот, пишува хрватски Вечерњи лист.

Непријатна миризба на целото тело






Ако непријатниот мирис под пазувите ви се задржал и по туширањето, можеби ви недостига  магнезиум. Магнезиум е минерал којшто има способност да неутрализира мириси на телото, открива кардиологот Роберт Сегал. Овој минерал се губи доколку пиете многу кафе или јадете многу шеќери и преработена храна. Доколку освен непријатен мирис, немате симптоми како што се грчеви, консултирајте се со лекар дали во исхраната треба да воведете повеќе намирници кои содржат магнезиум.

Здивот мириса на расипани јајца 

Доколку оваа грозна појава не исчезнала по миење на забите, можно е да сте „закачиле“ бактериска  инфекција,  вели д-р Сегал. Веројатно станува збор за бактеријата Хеликобактер пилори којашто г напаѓа системот за варење. Токму таа бактерија предизвикува непријатен здив. Некои луѓе немаат потешки симптоми, али кај другите  оваа бактерија може да предизвика чувствителност на глутен, чиреви или дури и карцином. Секако, треба консултација со лекар, бидејќи постојат лекови против Х. пилори.

Непријатен мирис од носот

Причина за овој непријатен мирис може да биде кариесот којшто се наоѓа блиску до синус или усната  празнина. Оваа „смрдеа“ може да ја предизвика расипан зуб, воспаление на синуси и полип – открива Кетлин Р. Мекдоналд, оториноларинголог. Треба да се јавите на лекар ако оваа состојба не поминува.

Столицата има полоша миризба од вообичаеното

Сите знаеме дека ова е една од најнепријатните миризби. Али, ако столицата го смени мирисот во уште поинтензивен, или ако имате пролив или забележите крв, морате на лекар. Најчеста причина за ова е  исхраната, нагласуваат стручњаците. Овие промени често ги имаат луѓето кои немаат толеранција на лактоза или имаат инфекција на цревата.

Мирис на расипана риба

Оваа појава има и свој назив: триметиламинурија. Во прашање е ретко генетско пореметување при  коешто ензимите во организмот не можат да го разградат триметиламинот. Тоа е хемикалија којашто се наоѓа во намирници како јајца, млеко, грашок и месо. Поради тоа се јавува непријатиот мирис на телото. Најлошо е што не постои лек, али непријатната миризба може да се намали доколку не ги јадете наведените намирници.

Непријатна миризба од вагина

Доколку  и „тамо долу“ се појави мирис на риба или чуден исцедок, најверојатно имате инфекција. Во  матката веќе постојаат бактерии коишто инаку таму живеат, али кога рамнотежата ќе се поремети, може да се случат проблеми. Тоа се случува во текот на циклусот, по туширање или сексуални односи  без заштита или со нов партнер. Важно е ова сами да не го лекувате, туку мора посета на гинеколог, бидејќи можеби се потребни и антибиотици.

Здив со миризба на урина

Ако сте забележале дека здивот има мирис на амонијак или на урина, причина за ова е неможноста  бубрезите да го филтрираат сиот отпад од организмот. Доколку притоа ви се грчат мускулите и ви отекуваат нозе и зглобови, морате итно на лекар!

Поврзани содржини