Седум места на кои најлесно се пренесува ковид-19 – еве каде е најопасно и што мора да правите
Понекогаш, сепак, не е толку очигледно, дури и луѓето кои „играа на картата“ дека дома е безбедно и ретко одеа во продавница, беа позитивни на тестот.
Преку бројните разговори со пациенти заразени со коронавирусот и оние кои биле изложени на него, трагачите по контакти добиле значителен увид во тоа кои се местата кои претставуваат најголем ризик за ширење на вирусот.
Нивните податоци покажуваат дека локациите каде што луѓето го „земаат“ ковид-19 имаат широк спектар. Случаите обично може да се следат на места каде што луѓето поминуваат многу време собирани – како што се деловни простории, спортски сали, ресторани, па дури и вашиот дом.
Понекогаш, сепак, не е толку очигледно, дури и луѓето кои „играа на картата“ дека дома е безбедно и ретко одеа во продавница, беа позитивни на тестот, што може да покаже дека малопродажните места играат поголема улога во пренесувањето на вирусот отколку што првично се сметаше.
Тие дадоа список со најчестите места каде што во моментов се шири ковид-19.
Сопствениот дом – вирусот ковид-19 лесно се шири во домаќинството. Едно истражување покажа дека ако заразено лице живее во вашиот дом, имате 18 проценти шанса да се заразите и вие. Со цел да се минимизира ризикот од инфекција, заразеното лице треба да биде изолирано од другите членови на семејството. Ако треба да влезете во просторијата каде што лицето престојува, носете заштитна опрема – ракавици, маска и визир.
Социјални собири – Ова вклучува семејни собири или средби со пријатели. Ризикот од инфекција на ваквите собири зависи од тоа дали некој од присутните е заразен со вирусот. Помалите собири се побезбедни – има помалку шанси некој присутен да е носител на вирусот.
Ресторани и барови – Бројни информации за контакт објавени на интернет постојано откриваат дека баровите и рестораните играле голема улога во пренесувањето на вирусот. Сепак, не сите искуства се исти. Ризикот е помал ако јадете на отворено. Ако вечерате во затворени простории или каде протокот на воздух е намален, тој ризик расте експоненцијално.
Спортски сали и фитнес центри – Неколку држави откриле дека спортските сали се поврзани со потенцијални жаришта. Покрај тоа, една неодамнешна студија која ги проценуваше податоците од мобилните телефони откри дека спортските сали се уште едно ризично место каде што едно лице може да се зарази. Рестораните беа на прво место.
Цркви и верски заедници – На верските собири, луѓето се во затворен простор подолго време, а за време на молитвата, повеќето испуштаат капки во воздухот, така што можноста за инфекција е доста голема.
Некои работни места – Утврдено е дека честичките на ковид-19 можат да останат во воздухот, така што дури и само престојот во канцеларија со заразено лице носи одредено ниво на ризик. Трагачите по контакти откриле дека производствените капацитети и магацините се извор на неколку епидемии.
Продавници – Се веруваше дека брзото одење во шопинг не е премногу ризично, но како што се собираат повеќе податоци, така расте и поактивната дебата за тоа колку е всушност безбедно. Студија од Бостон откри дека вработените во продавниците за храна се особено изложени на ризик, со оглед на тоа што тие комуницираат со голем број клиенти, а многу од нив не носат маски на вистински начин.
Вирусот корона е многу заразен, па каде и да сте, обидете се да го ограничите времето што го поминувате на одредена локација и да се придржувате до пропишаните епидемиолошки мерки, советува „Huff Post“.