СЕДНИЦАТА НА ВМРО-ДПМНЕ Е ФАРСА СДСМ вели штетните одлуки ги нарачал Груевски

Владејачката партија порача дека со сите демократски и разумни методи парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и обидите за „вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски“.

396

Се потврди дека седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса. Штетните одлуки за новите блокади се нарачка од Никола Груевски, а Христијан Мицкоски само ги спроведува, реагираше СДСМ по објавените одлуки на опозициската партија.

„Во време на најголема енергетска и економска криза после Втората светка војна, кога Собранието треба да носи ефикасни одлуки за граѓаните, Мицкоски спроведува нови блокади. Наместо да ги деблокира законите кои подолго време ги кочи во Собранието, како Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата, криминалната ВМРО-ДПМНЕ се посвети на нови деструкции“ се наведува во соопштението.






Владејачката партија порача дека со сите демократски и разумни методи парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и обидите за „вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски“.

 

Поврзани содржини