Седница на Советот за безбедност: Новинарите електронски ќе поставуваат прашања

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Јавниот сервис МРТ, на Фејсбук страницата на Претседателот и на ЈуТјуб каналот.

587

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска со почеток од 16 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, на која покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот ќе присуствуваат и министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Поради мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот, од кабинетот на Пендарвоски, ги охрабруваат медиумите да го преземат видео материјалот и фотографиите кои ќе бидат веднаш дистрибуирани до медиумите по почетокот на седницата.






По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Јавниот сервис МРТ, на Фејсбук страницата на Претседателот и на ЈуТјуб каналот.

Претставниците на медиумите кои ќе одлучат да не дојдат во Вила Водно, своите прашања можат да ги поставуваат до 17:30 часот на [email protected] и на телефонските броеви на Билјана Радева и на Катерина Цаневска.

На сите прашања претседателот Пендаровски ќе даде одговори, кои исто така ќе бидат дистрибуирани до медиумите и ќе се пренесуваат во директниот пренос, на Facebook страницата на Претседателот и на ЈуТјуб каналот.

Поврзани содржини