СЕДНЕТЕ, ПОЛЕТУВАМЕ Како избегаа 640 луѓе во еден авион (ФОТО)

Летот немал намера да преземе толкав товар, но некои Авганистанци во паника се приближиле кон полуотворената рампа на Ц-17, објави Defense One.

4,447

Објавена е фотографија на која се гледа како стотици Авганистанци седат во американски воен товарен авион, во обид да избегаат од Кабул, Авганистан, откако талибанците ја презедоа власта во земјата.

Фотографијата е објавена од американската веб-страница за одбрана и безбедност Defense One, кој аобјави дека 640 луѓе се качени во Ц-17 Глобмастер III, што е најголемиот број луѓе што некогаш биле пренесени во таков авион.






Летот немал намера да преземе толкав товар, но некои Авганистанци во паника се приближиле кон полуотворената рампа на Ц-17, објави Defense One.

Очајот на многу Авганистанци беше забележан на аеродромот во Кабул вчера кога луѓе трчаа околу авионите и се качуваа на нив. Најмалку двајца кои биле закачени на тркалата на еден авион вчераа загинаа набргу по полетувањето.

 

Поврзани содржини