Седмиот најбогат човек во светот ќе раздаде сѐ пред да умре
Бафет е на пола пат да го раздаде сето свое богатство откако денес ги донираше последните пари во фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ и се повлече од бордот на директори без да објасни зошто, јавува Ројтерс.
Милијардерот Ворен Бафет, седмиот најбогат човек во светот планира да раздаде 99 отсто од своето богатство пред да умре, и тоа инвестирајќи во пет хуманитарни организации. 91-годишниот Бафет денеска ненадејно излегол од фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ оставајќи 4,1 милијарди долари пред да даде оставка од бордот на директори, јавува Ројтерс.
Иако не објаснил пред новинарите точно зошто излегол, Бафет изјавил дека со оваа донација тој е „на пола пат“ да го раздаде богатството.
– Со години бев повереник, неактивен управник, само на еден примател на моите средства, „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“. Сега се повлекувам од таа позиција, исто како што направив во сите други одбори на компанијата, освен Беркшир – истакнал тој.
Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ е основана од Бил Гејтс и Мелинда Гејтс, кои после 27 години ненадејно се разведоа во мај годинава. Сѐ уште се шушка дека разводот е врзан со лошата репутација што го следеше Гејтс во врска со настаните со Џефри Епштајн, но и со појавата на вакцината за корона – која ковачите на теории на заговори му ја препишаа на Гејтс.