Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои седмата „Златна топка“ која ја доделува угледниот медиум „Франс Фудбал“.
Според гласовите собрани од преку 170 експерти, изборот падна врз фудбалерот на ПСЖ за најдобар фудбалер на светот за 2021 година.
Во овогодинешниот избор зад Меси заврши Левандовски како второпласиран, додека трет беше Жоржињо.
Со седмата „Златна топка“, Лео Меси го остави својот ривал, Португалецот Кристијано Роналдо два чекори поназад.