СЕДМИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Се избираат градоначалници и советници во 80 општини и во Скопје

270

Денеска се одржуваат седмите локални избори од независноста на државата на кои се гласа за градоначалници и советнички листи во 80 општини и во Градот Скопје.

На седмите по ред избори за локална власт ќе се гласа за 299 кандидати за нови градоначалници и за 10.532 кандидати за 577 советнички листи за општински совети за 80 општини и за Град Скопје. Од пријавените кандидати 56 отсто се мажи, а 44 се жени.






Право на глас имаат 1.824.864 гласачи впишани во Избирачкиот список. На овие избори С Македонија влегува со најголем избирачки список досега, 10.000 гласачи повеќе од изборите во 2017 година, а за дури 80.000 повеќе од избирачкиот список во 2013 година.

Гласањето на локалните избори започнува во о7 часот и трае непрекинато до 19 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Во 19 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19 часот, по претходна согласност од надлежната ОИК, но не отпочнува со броење на гласовите пред 19 часот.

Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбор ги доставува до Општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Изборниот материјал до ОИК го доставува претседателот на ИО во придружба на заинтересирани членови на ИО или претставници на подносителите на листите и претставници од полицијата, ако за тоа има потреба.

Поврзани содржини