СЕДЛОСКИ ГИ СОБРА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ Македонија тргнува по место на Мундијалот

Македонската репрезентација ги започна подготовките за баражот против Данска, со нов селектор и неколку дебитанти во составот.

99

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, вечерва го означи почетокот на мини-подготовките за мартовските бараж натпревари на гостински терен за пласман на Светското првенство кое ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Македонската репрезентација на 26 март во Копенхаген ќе ѝ гостува на Данска, со цел да го изненади фаворитот и да обезбеди пласман во финалето од баражот. Во евентуалното финале, Македонија би се соочила со победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска. Поразените селекции од двата дуела ќе играат меѓусебно на 31 март, во Прага или Даблин.






Дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастијан Херера, кој доби дебитантски повик, не го криеше задоволството:

– За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во кариерата – да го облечам дресот на Македонија. Чест и огромно задоволство е што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам. Ова го посакував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Најважно е да бидеме тим. Знам дека на мојата позиција Езгијан Алиоски има големо искуство и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар. Данска е силна, но се фокусираме на нас. Верувам дека натпреварот е 50-50 и дека сè зависи од нас. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат – зошто да не и пласман во финале – изјави Ерера за официјалниот сајт на ФФМ.

Покрај него, дебитантски повик добија и напаѓачот на Сиетел, Дени Мусовски, како и стоперот на Шкендија, Имран Фетаи.

Повратниците во репрезентацијата се Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев од узбекистански Согдиана и Егзон Бејтулаи од косовска Дрита.

Поврзани содржини