📽 СЕДИ ДРИТАНЕ Абазовиќ за малку ќе се степаше со пратеник во црногорското собрание

Седи Дритане, се слуша на снимката додека Абазовиќ излегува од столчето, а други пратеници го задржуваат.

1,524

Поранешниот премиер на Црна Гора  Дритан Абазовиќ за малку ќе се степаше пратеникот Никола Зиројевиќ од партијата СД во собранието. Зиројевиќ рече дека би било соодветно да му се овозможи на пратеникот „кој рика“ да го прими лекот за смирување бенседин, мислејќи на Абазовиќ.

Следеше жестока дискусија меѓу Абазовиќ и Зиројевиќ, по што седницата беше накратко прекината, а по неколку минути продолжи.






„Седи Дритане“, се слуша на снимката додека Абазовиќ излегува од столчето, а други пратеници го задржуваат.

Во текот на дискусијата, темата беше и пренасочена, па пратеникот на ЗБЦГ, Милан Кнежевиќ рече дека никогаш нема да го признае Косово.

Инаку, пратениците во црногорскиот парламент вечерва го усвоија Законот за попис. За Законот гласаа 64 пратеници, колку што имаше во салата.

 

 

Поврзани содржини