СЕДЕЛЕ ПАРКИРАНИ ВО „СЕАТ“ – ИМ ГО ОШТЕТИЛЕ Демолирано возило на фирма на паркинг во скопски Карпош
На 11.03.2024 во 09.36 часот во СВР Скопје, А.М.(32) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, неколку лица со тврди предмети го оштетиле службеното возило „сеат" со скопски регистарски ознаки на приватна геодетска фирма од Скопје, додека тој и неговиот колега Б.М.(28) од Скопје биле во возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Лица вработени во приватна геодетска фирма од Скопје останале заробени во возило кое било цел на напаѓачи. Според пријавеното, двајцата со автомобилот биле паркирани на подрачјето на Карпош, кога им пришле неколку лица кои со тврди предмети го оштетиле службеното возило на фирмата, додека тие биле внатре.
„На 11.03.2024 во 09.36 часот во СВР Скопје, А.М.(32) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, неколку лица со тврди предмети го оштетиле службеното возило „сеат” со скопски регистарски ознаки на приватна геодетска фирма од Скопје, додека тој и неговиот колега Б.М.(28) од Скопје биле во возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.