Седеле на иста маса, а потоа почнале да се тепаат и да фрлаат столици

Од министерството за внатрешни работи во соопштението до јавност ги објави деталите за синоќешната физичка пресметка во угостителскиот објект во Скопје.

751

Министерството за внатрешни работи објави детали во врска со синоќешната физичка пресметка која се случила во „Трибека“, при што бил кршен и инвентарот на угостителскиот објект.

– На 20.02.2021 околу 20:15 часот во угостителски објект на бул.„Илинден“ во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(19) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(19), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект – велат од МВР.






Според сведочењето на присутните, сите тројца претходно седеле на иста маса.

– Потоа А.С. физички ја нападнал и Е.Х.(18) од Скопје која била заедно со С.С.(19) од Скопје, а потоа и го искршил мобилниот телефон на Е.Х. – стои во соопштението од министерството.

На местото на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини