СЕДЕЊЕТО ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ Е ПОДДРШКА ЗА ГРУБИ, ДУИ И СДСМ Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање

Граѓаните мора да знаат дека седењето дома и на тој начин искажување револт, или негласањето е во суштина гласање. Само во тој случај гласате за Артан Груби, Али Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ и останатите. Затоа е многу важно да имаме масовна мобилизација и луѓето ќе излезат да гласаат на изборите - истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во пресрет на претседателските и парламентарните ибори.

388

Наша проценка од тоа што го анализираме во мерењата е дека неопределените се многу повеќе од 100 илјади гласа. Нашите детални анализи велат дека од четири гласа кај неопределените сигурно два, доколку излезат, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а останатите два би делеле другите политички партии вклучително и оние кои се во условно кажано, албанскиот блок, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Мицкоски додаде дека ќе се стави акцент на тоа да се убедат неопределените да излезат на избори и да гласаат.






– Убеден сум дека од сите оние условно кажано, неопределени гласови најмалку половината доколку одлучат да излезат да гласаат, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Ние ќе сториме сè да биде така бидејќи тоа ќе ни биде главната кампања, нормално користејќи ги демократските методи да ги убедиме дека е потребно да се излезе и да се гласа – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека седењето дома на овие избори е поддршка за ДУИ и СДСМ и токму поради тоа важно е масовно да се излезе на гласање.

– Граѓаните мора да знаат дека седењето дома и на тој начин искажување револт, или негласањето е во суштина гласање. Само во тој случај гласате за Артан Груби, Али Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ и останатите. Затоа е многу важно да имаме масовна мобилизација која ќе се случи и луѓето ќе излезат да гласаат на изборите – заклучи Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини