СЕЧЕЛ ДРВО, А ДРВОТО ПАДНАЛО ВРЗ НЕГО Загина 84-годишник од тетовско Подбреѓе

152

Вчера во 12:05 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на с.Подбреѓе, тетовско, е пронајдено тело на починато машко лице, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а полициски службеници излегоа на местото и констатирано е дека се работи за М.С.(84) од Тетово, кој сечел дрва во неговата нива, при што дрво паднало врз него и од здобиените повреди починал. Во присуство на јавен обвинител и судска медицина, увид изврши увидна екипа од СВР Тетово“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини