СЕ ЗНАЕ И ПРИЧИНАТА Одложено патувањето на 90-годишниот актер во вселената

Патувањето беше откажано поради силниот ветар, а 90-годишниот актер требаше да се вивне во вселената в среда.

959

„Блу ориџин“ го одложи патувањето на Вилијам Шатнер во вселената, така што капетанот Кирк ќе мора да почека уште малку, објави во понеделникот Си-ен-ен. Патувањето беше откажано поради силниот ветар, а 90-годишниот актер требаше да се вивне во вселената в среда.

Со тоа Шатнер ќе стане најстарата личност што некогаш патувала во вселената. Тој управуваше со вселенското летало УСС Ентерпрајз на интергалактичката одисеја во „Ѕвездени патеки“, а наскоро ќе тргне и во сопствена одисеја, пишува Си-ен-ен.






– Нештата за коишто глумев, сега ќе ги видам од прва рака. Воодушевен сум, загрижен, малку нервозен и малку исплашен поради оваа нова авантура – рекол Шатнер.

„Блу ориџин“ најави дека Шатнер ќе биде на следниот лет заедно со Одри Пауерс, потпретседателката на компанијата.

Шатнер, Пауерс и уште двајца членови на екипажот полетаа од оддалечениот дел на западен Тексас, помалку од три месеци по првиот лет во вселената со екипажот до „Блу ориџин“. Екипажот ќе ужива во четири минути безтежинска состојба во текот на 11-минутното суборбитално патување. Слично направија Џеф Безос и неговиот брат ова лето.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини
na