СЕ ЖЕНИ БРАТОТ НА НОВАК ЃОКОВИЌ Ја запросил девојката на Калемегдан

Не можам повеќе да ги пренесувам овие работи“, бидејќи зема некоја торба, ја полни со работи неколку дена, ја носи кај мене, па ја менува и слично. Потоа само рече: „Би сакал иста дестинација да ни биде домот, да од патувањата да се враќаме во таа куќа“. И така и го започнавме нашиот заеднички живот и навистина чувството е убаво, раскажуваше Сашка.

978

Ѓорѓе Ѓоковиќ, најмладиот брат на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ја запроси својата девојка Сашка Веселинов, со која е во врска една година.

Ѓорѓе ја извел својата девојка Сашка на прошетка, а додека уживале во погледот на Калемегдан, таа немала поим што ѝ се подготвува.






Тој претходно ги организирал луѓето кои ќе го снимаат и ќе го овековечат овој момент, а потоа ја прегрнал Сашка. И додека таа уживала во глетката на Нов Белград, Ѓорѓе клекнал пред неа и го извадил прстенот.

Воодушевената и збунета Сашка рекла „да“ и „паднала“ во прегратките на идниот сопруг.

Сашка неодамна отворено зборуваше за својот живот, за запознавањето со Ѓорѓе и призна дека изнајмиле стан во кој живеат заедно.

– Многу е интересно бидејќи неофицијално живееме заедно од првиот ден. Живеев во центар во стан под кирија и од првиот ден некако беше таму за мене. По дваесетина дена запознавање, отидовме заедно на море и останавме таму две недели. Кога се вративме, дојде кај мене и ми рече: „Не можам повеќе да ги пренесувам овие работи“, бидејќи зема некоја торба, ја полни со работи неколку дена, ја носи кај мене, па ја менува и слично. Потоа само рече: „Би сакал иста дестинација да ни биде домот, да од патувањата да се враќаме во таа куќа“. И така и го започнавме нашиот заеднички живот и навистина чувството е убаво – раскажуваше Сашка.

Поврзани содржини