Вкупниот број на хоспитализирани пациенти на Инфективното одделение и одделението за физикална медицина при велешката Општа болница изнесува 64. Одделението за физикална медицина кое е засебен објект од велешката Општа болница е преадаптирано и почна да прима пациенти со ковид -19 од изминатиот викенд и таму веќе се сместени десет пациенти.
Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, од вкупно 64 пациенти на двете одделенија, осум од нив се сомнителни и 56 потврдени позитивни.