СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА КОВИД БОЛНИ Комисијата за заразни болести утре на состанок

513

Поради зголемениот број на заразени, Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот во земјава.

Согласно денешните податоци од Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи со ковид-19, од кои 188 се реинфекции. Најголем број на активни ковид-случаи во моментов има во главниот град – 1 .749, додека Пехчево и Дојран имаат по еден активен случај.






Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од kовид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.

Здравствените власти во Грција, пак, велат дека нивната намера е да не постојат мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен, но тие сакаат Ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување, „каде што нема да има потреба од строги или задолжителни мерки“.

Поврзани содржини