По десетчасовно убедување, попладнево околу 18 часот полицијата го приведе Д.Г. од селото Вељуса, откако денеска во 08:15 часот во полициската станица Струмица било пријавено дека тој го нападнал со остар предмет соселанецот Н.К.
Откако дошла полицијата да го расчисти случајот, тој се затворил во својот дом и по десет часови полицијата успеала да го приведе употребувајќи димни бомби, јави МИА.
Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова најави дека утре ќе соопштат повеќе детали за настанот.