Се затвори озонската дупка над Арктикот, дали за тоа придонесе ковид-19?

Истражувачите не го поврзуваат затворањето на озонската дупка со  намалувањето на загадувањето на воздухот предизвикано од  преземените мерки од владите во светот за забрана на движење во борбата со коронавирусот.

5,894

Исто како што ненадејно се формира пролетва, озонската дупка на Арктикот ненадејно и исчезна минатата недела, соопштија научниците кои ја следат дупката од Сервисот за следење на атмосферата Коперник (Copernicus Atmospheric Monitoring Service – CAMS).

Истражувачите не го поврзуваат затворањето на озонската дупка со  намалувањето на загадувањето на воздухот предизвикано од  преземените мерки од владите во светот за забрана на движење во борбата со коронавирусот.Тие сметаат дека пандемијата не е причина за затворањето на озонската дупка, туку за нејзино затворање  придонесе невообичаено силниот и долготраен вител.






– Сега кога заврши интензивниот поларен вител, озонската дупката се затвори – соопштија од Сервисот и додадоа дека не очекувааат ваква појава да се случи следната година.

Но, на Твитер пред три дена  од Сервисот твитнаа:

„Всушност, COVID19 и поврзаните забрани за движење веројатно немаат никаква врска со ова. Тоа е управувано од невообичаено силен и долготраен поларен вител и не е поврзано со промените во квалитетот на воздухот“.

Според последните податоци на НАСА, озонот над Арктикот достигна рекордно ниско ниво во март.
Вакво осиромашување на озонската обвивка над Арктикот е регистрирано и во 1997 и 2011 година.

– Иако таквите ниски нивоа се ретки, тие не се невидени – велат истражувачите.

Необично е тоа што оваа појава се случи во март и април иако искуството покажува дека озонот над Арктикот вообичаено е највисок во овие месеци.

Експертите сметаат дека за „необичните атмосферски услови“ кои доведоа до најновата озонска дупка, причина е индустриската хемикалија хлорофлуоројаглеводород (HCFC) кој се задржува во облаците на голема надморска височина при ненормално ниски температури. Оваа хемикалија се користи во уреди за климатизација.

На почетокот од овој месец, научниците од Европската вселенска агенција изјавија дека ретката дупка зафаќа површина три пати поголема од големината на Гренланд. Тие најавија дека озонската дупка ќе изчезне со зголемувањето на температурите, со изчезнување на поларниот вител со што ќе му се дозволи на воздухот осиромашен со озон да се помеша со богатиот со озон воздух од пониски слоеви на артмосферата.

Инаку, светот во 1987 година  се согласи да ја заштити озонската обвивка. Тогаш 197 земји го потпишаа Протоколот во Монтреал во кој се обврзаа да ги забрана хемикалиите како хлорофлуоројаглеводород со цел да го заштитат озонот од натамошно оштетување.

Без оваа регулатива, арктичката озонска дупка оваа година можеше да претставува закана за здравјето на луѓето.

 

Поврзани содржини