Се затвораат ски центарот во Маврово, граничните премини Џепиште-Требиште и Блато
На седницата донесена е Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот, односно жителите од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа кои се надвор од територијата на овие општини, може да се вратат во своите домови денска до полноќ.
Покрај прогласувањето на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, ќе се затворат граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато, како и Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово.
Оваа одлука ја донесе владата на денешната седница на која го разгледала Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Коронавирусот COVID-19 .
На седницата донесена е Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот, односно жителите од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа кои се надвор од територијата на овие општини, може да се вратат во своите домови денска до полноќ.
Владата ја усвила одлуката на Управувачкиот комитет за забрана и посебен режим на движење на дел од територијата на Македонија на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со која се уредува мерката забрана за движење, односно влез и излез од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, како и мерка за воведување посебен режим на движење на населението внатре во овие подрачја.
– Владата го усвои Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, односно го прифати предлогот и донесе Одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, се истакнува во соопштението на владата.
Периодот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, а со цел обезбедување заштита на здравјето на населението на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, е најмногу до 30 дена