Се затвораат пазарите во Куманово

1,411

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски информира дека е донесена одлука зелените пазари да не работат се до надминување на кризата, освен трговските дуќани кои се во рамките на пазарите и истите мораат да ги почитуваат мерките на владата за редовна дезинфекција и држење на минимално растојание на купувачите и продавачите.

– На првата следна седница на советот ќе излезам со предлог мерка за ослободување од плаќање на закуп за фиксни и мобилни тезги на двата зелени пазари за период кој што трговците нема да ги користат. Воедно за барањата на малите и средни претпријатија и помош на стопанството ќе ги чекаме мерките на Владата и општината во рамки на надлежностите ќе земе свое учество за надминување на економската криза која е резултат на вонредната состојба – информира Димитриевски.

Поврзани содржини