Се затвора и скопскиот аеродром, построги проверки на лицата во самоизолација

980

Владата  решила да се затворат сите гранични премини за странци, а се затвора и скопскиот аеродром  освен за државни летови – изјави на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче,  по вечерашната владина седница.

Скопскиот аеродром ќе се затвори по истекување на 48 часа од одлуката на Владата.






– Сите гранични премини се затвараат за премин на странски државјани и  возила, освен за влез и транзит на товарни возила, а со исклучок и за дипломати и други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес – додаде Филипче..

– А товарните возила ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на МЗ, рече Филипче во Владата.

На седницата на Владата била нагласена и потребата МВР да постапува поинтензивно во однос на проверката на лицата во самоизолација и за тоа да ја информира Владата.

 

Поврзани содржини